Ќе има продолжување на Програмата за условен социјален надоместок, најави премиерот Никола Груевски при денешната посета на реканско-дебарскиот крај.
Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски рече дека одлуката за продолжување е донесена бидејќи е оценето оти ефектите од оваа Програма се многу позитивни и потсети дека неодамна е донесена и одлука за зголемување од 10 проценти на социјалната помош.
„Од друга страна, сите семејства кои се приматели на социјална помош, а имаат деца кои одат во средно училиште, ќе добиваат дополнителни 12.000 денари со цел да им се помогне за трошоците кои ги има детето и да се охрабри детето да оди на училиште“, изјави Груевски.
Тој појасни дека единствениот услов кој треба да се исполни за да се добие овој паричен надоместок е детето редовно да оди на училиште.