Поштар кидна со 18.000 евра за пензии. Педесет и пет годишниот Рајко Јевриќ од Никшиќ, Црна Гора е приведен откако претходно бил пријавен дека исчезнал со сума од 18.000 евра што требало да ги подели на пензионерите, пишува „Дневни аваз“.
Исчезнувањето на Јевриќ бил пријавено од страна на вработените во поштата, откако тој не се појавил на работа, а со него неможеле да стапат во контакт.
Управата на поштата сфатила дека нешто не е во ред, кога почнале да пристигнуваат поплаки од пензионерите дека не ги добиле пензиите.
По тоа, Управата на поштата ја известила полицијата дека нивниот вработен исчезнал и била организирана интензивна потрага по него. Јевриќ по приведувањето признал пред обвинителот дека ги присвоил парите,
Тој е пуштен да се брани од слобода и се чека квалификацијата на кривичното дело што ќе му биде ставено на товар.