Христијанските верници денес го празнуваат празникот „Успение на Пресвета Богородица“- Голема Богородица.
По тој повод синоќа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Скребатно голем број верници палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. И денес верниците се упатуваат кон црквите за прославување на овој голем празник.
Инаку, верниците во Скребатно ги забавуваше естрадниот уметник Спасен Силјаноски.
Нека е за многу години!
А. Андриоски