Петнаесет месеци земаа плата без да работат. Нема во Македонија човек што тоа може да го добие, изјави денеска премиерот Никола Груевски, запрашан да го коментира враќањето на опозицијата во Парламентот.
„Петнаесет месеци земаа плата без да работат. Доста беше. Нема во Македонија човек што тоа може да го добие. Доста беше. Нека почнат да си ја заработуваат платата“, рече премиерот Груевски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на нова зграда на ОУ „Живко Брајковски“ во Општина Бутел.