Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.К.(49) од струшкото село Лабуништа.
Пријавениот, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ги пречекорил своите овластувања и незаконски издала 22 одобренија за сеча на приватна шума, без комплетна документација и одобрил сеча на 1470 м3 дрвна маса. Тој постапил спротивно на правилникот за видот и евиденција на сеча и ги издал одобренијата за сеча на повеќе локалитети во струшко, иако странките не го доставиле потребниот геодетски елаборат туку приложиле скица од теренско мерење и технички извештај. На тој начин, пријавениот А.К. овозможил противзаконска сеча на 387 м3 дрва во корист на барателите, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 97.524,оо денари.
Во два предмети, издал испратници за поголема количина на дрва од претходно одобрената со што пријавениот им овозможил на барателите за сеча да се стекнат со противправна имотна корист од 109.125,оо денари.
Во 8 други предмети, пријавениот А.К. потполнал и издал испратници за транспорт на пресечените дрва кои приватните лица ги пренесле до крајната дестинација, неуплатувајќи ги потребните парични средства, законски предвидени во Законот за шуми, со што бил оштетен буџетот на Република Македонија во износ од 164.612,оо денари.