Виц

Еден човек се разболел и знаејќи дека ќе умре ги викнал жената и двата синови, и им рекол:

– Жено, деца, јас ќе умрам, сакам кога ќе ме закопате да ми го ставите и мобилниот телефон.

По два дена човекот умрел, жената расплакана му вели на помалиот син:

– Сине, дај донеси го мобилниот да му го ставиме на татко ти.

Отишол синот да го донеси мобилниот, ама ја извадил картичката.

И така го закопале човекот, си легнуваат вечерта, и на жената и стигнува порака од бројот од мажот:

– Жено, многу ми е убо, само малку ми студи вечерва.

Станува жената сабајлето и на сите им раскажала. По два дена умрел комшијата. Повторно на жената и стигнува порака:

– Жено, умре комшијата Петре, пуштете ми го полначот по него.

Жената преплашена им вели на децата:

– Деца, од кај знајт татко ви дека умре комшијата!? Брзо дајте го полначот!

Видел синот дека ќе одат кај комшијата за да го носат полначот, и им вели:

– Аман бре луѓе, не бидете будали, ќе ви се смее цело село! Па јас ги пишев пораките!!!