По повод 8 Септември – Денот на независност на Република Македонија, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитка до граѓаните на Охрид.
„Изминувааат 24 години кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независност на нашата татковина, Република Македонија. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмслено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за подобра Македонија. Денес Република Македонија е етаблирана како стабилна држава, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот“ – стои во честитката на градоначалникто Бакрачески.