По повод 8-ми Септември денот на независноста и сувереноста на Република Македонија, СВР Охрид до сите граѓани упатува искрени честитки за среќен и долговечен празник.
„Како демократска институција, професионално и ефикасно продолжуваме во сузбивањето на сите видови криминалитет, градиме концепт на блискост со граѓаните, максимално посветувајки се на заштитата на човековите права и слободи и на вистинските вредности на нашето демократско општество.
Градиме стабилен и современ безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици и кој ќе ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и просперитетна држава целосно интегрирана во Евро-атланската заедница.“ – стои во честитката од СВР Охрид.