Во рамките на училишниот проект „Патуваме и учиме за сообраќајот“ учениците од ОУ„Дебрца“ од I до III одделение во корелација со предметот Опшество се запознаа со видовите сообраќај: воздушен и воден. За таа цел учениците го посетија аеродромот Св. Апостол Павле и имаа можност од пред нивните очи да ја следат постапката на слетување и полетување на авион од Холандска авио компанија.
„Учениците го проширија своето знаење за воздушниот сообраќај преку прашања кои за кои добиа одговори од службите на аеродромот. Авантурата за патување и учење продолжи со прошетката низ Охридските езерски води кај гостопримливиот екипаж на бродот Александрија. “– велат од училиштето.
Учениците се вратија во своите училишта со проширени знаења за видовите сообраќај и културата во сообраќајот.
„Голема благодарност искажуваме кон превозникот ОМЕГА експрес, вработените на Охридскиот аеродромот Св. Апостол Павле и екипаж на бродот Александрија.“-додаваат оттаму.