Во периодот од 08,00 часот на 17.09.2015 до 18.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.623 странски државјани, од кои, 1.150 се од машки пол, 161 се од женски, 261 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 51 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-795, Авганистан –452, Пакистан-176, Ирак-151, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 18.09.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 83.272 странски државјани, од кои, 55.634 се од машки пол, 11.317 се од женски, 13.803 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.518 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-66.188, потоа Авганистан-6.308, Ирак-4.145, Пакистан-2.498 Палестина-907, Сомалија-623, Бангладеж-569, Конго-357, Иран-323, Нигерија-221, Камерун-164 Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-109, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 17.09.2015 до 18.09.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18.09.2015 година до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.09.2015 година евидентирани се 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита две лица, едно малолетно лице без придружба на старател и еден маж се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.