Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица.
По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица.
За многу години!
WebOhrid