Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од селото Радолишта.
На 17 овој месец, пријавените биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово. Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла букови дрва кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација оддалечена околу 100 метри.
На лице место, шумската полиција ги одзеде бесправно исечените и нежигирани букови дрва во количина од 14 кубни метри.