По долгогодишни претпоставки, НАСА денес конечно објави дека на Марс е откриена вода во течна состојба. Со ова, од НАСА сметаат дека се големи шансите да се пронајде живот на Марс, во облик на микроорганизми.
Научниците открија дека на Марс постојат кањони и кратери по кои во текот на летните месеци тече солена вода. Тоа е воочено при прегледувањето на сателитските снимки, каде водата остава темни траги на површината од Црвената планета.
Постојат две теории за тоа од каде потекнува водата. Едната е дека таа извира од подземните ледени слоеви, додека пак другата теорија е дека водата настанува од кондензација во тенката атмосфера на Марс.
фото: nasa.gov / превод: WebOhrid