На покана на Македонските Вински Витези, денови во посета на Македонија присуствуваше Алан Брајден, претседател на Светската асоцијација на Вински Братства. Брајден, покрај посетата на неколку винарии во Македонија, оствари средба со претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, на која се разговараше за можноста, Охрид да биде домаќин на Светскиот Вински Конгрес во 2018 година.
Помошникот раководител на Секторот за ТЛЕР, Ирена Ирена Здравеска Спасеска, низ видео презентација го претстави природното и кулурно–историско наследство на Охрид и потенцијалите и подготвеноста за организирање на ваква манифестација.
Одлуката за домаќин на Светскиот Вински Конгрес ќе се донесе во јануари следната година.