СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ се приклучи во акцијата „Македонија без отпад 2015“

Средношколците од СОСУ „Св.Кирил и Методиј“- Охрид се приклучија во националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015“ која викендов јаорганизираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

„Во рамките на акцијата беа чистени зелените површини и училишниот двор, а во соработка со ЈП „Охридски Комуналец“ беше поставена и корпа за пластични отпадоци. СОСУ” Св.Кирил и Методиј” и понатака ќе биде дел од оваа акција.“- информираат од училиштето.

12092682_10207913000245602_597002700_n 12092155_10207913000445607_1272575136_n 12080987_10207912993165425_1340132938_n