Светиот крал Владислав
Син на кралот Стефан. Го изгради манастирот Милешево, каде што од Трново ги пренесе моштите на Свети Сава. Се одликуваше со необична милосрдност кон бедните. На парите од негово време се потпишуваше: „раб Христов Владислав.“
Свети Стефан крал српски, првовенчан
Крунисан за крал во манастирот во Жича, од својот брат Свети Сава. Побожен христијанин, мудар и мирољубив владетел. Заедно со својот брат го воздигна Православието меѓу својот народ до големо торжество. Според неговата желба пред смртта Св. Сава го замонаши и му го даде името Симон. Се упокои во Господ на 24 септември 1224 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во Студеница.