Ученици и професори од Словачка во посета на ОСУ„Св.Климент Охридски“

Во текот на октомври беше реализирана возвратна посета на ученици и професори од училиштето „Антон Бернолак“, од Наместово-Словачка. Околу триесетина деца беа сместени кај своите пријатели кои ги запознаа со убавините на Македонија.

„Гостите беа восхитени од тоа што го видоа, бидејќи Македонија ги надмина нивните очекувања со културно-историските споменици, превкусната храна и гостољубивоста на луѓето. Ваквите размени се добредојдени за промоција на нашата земја, но и размена на искуства во наставно-образовниот процес.“– велат од охридската гимназија.