Вчера издадени 2.032 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 07.10..2015 до 08.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.032 странски државјани, од кои, 1.256 се од машки пол, 281 се од женски, 401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 94 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.102, Авганистан –675, Ирак-148, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 08.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 124.984 странски државјани, од кои, 82.412 се од машки пол, 16.552 се од женски, 21.549 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.471 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-90.191, потоа Авганистан-17.755, Ирак-8.077, Пакистан-3.186 Палестина-1.233, Иран-933, Сомалија-740, Бангладеж-740, Конго-426, Нигерија-229, Камерун-200, Еритреја-168, Етиопија-144, Судан-121, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 07.10.2015 до 08.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 07.10.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
06.10/ 21.00 ч. – 07.10 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на :265 лица
Вода :148 шишиња
Пакети со храна:15
Млеко за бебе:16
Шише за бебе:16
Пелени за бебе:42
Бисквити: 10 кутии ( х 100)
Ќебиња: 197
Пакети со хигиена: 8

Гевгелија
Укажана прва помош на: 1347 лица
Вода :3528 шишиња
Пакети со храна:309
Бисквити:25 кутии ( х 100)
Хигиенски пакети: 7
Ќебиња:847
Пакети прва помош: 11
Бебе сет: 11
Транспорт: 6 лица.