Ракометарите на Охрид 2013 ја забележаа втората победа оваа сезона во ВИП машката ракометна Суперлига, овој пат во гости против Радовиш со резултат 19-29.
Ракометарите на Охрид 2013 прикажаа одлична игра и го надиграа домаќинот Радовиш. Првото полувреме Охрид 2013 го доби со резултат 9-16, а доминацијата на Охрид 2013 траеше и во текот на второто полувреме за висока победа и конечен резултат 19-29.
Следниот натпревар Охрид 2013 ќе го игра на домашен терен против Пелистер на 11 октомври (недела) од 19:00 часот.
WebOhrid