Во Скопје се одржа 15 -тиот состанок на Експертската работна група од Коневенцијата за полициска соработка на југоисточна Европа, асоцијација чии што копретседавач заедно со Молдавија и Црна Гора е и Република Македонија, а на којшто беше презентиран Меморандумот за соработка на министерствата за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија, потпишан на почетокот од минатиот месец а посветен на актуелната мигрантска криза.
На состанокот покрај претставници на Конвецијата за полициска соработка на земјите од ЈИЕ меѓу кои и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Романија, Србија, Словенија како и нашите сопретседавачи – Молдова и Црна Гора, учествуваа и претставници од меѓународни, европски и регионални организации како што се CEPOL, DCAF, EUROPOL, RCC, MARRI, IOM, OSCE, FRONTEX и UNODC.
Притоа беа одржани неколку презентации поврзани со миграцијата и нејзините тековни процеси од земјата на потекло или поаѓање па до земјата на пристигање односно земјата на дестинација вклучувајќи ги и земјите на транзит. Инаку согласно праксата овој состанок е основа за подготовка на претстојниот Комитет на министри во рамките на кој се очекува да бидат потпишани неколку имплементациски договори чие усогласување е завршено или е во тек.