Во периодот од 08,00 часот на 11.10..2015 до 12.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.974 странски државјани, од кои, 1.278 се од машки пол, 275 се од женски, 355 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 66 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-891, Авганистан –772, Ирак-131, додека другите се во помал број. Во посочениот периодот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Инаку согласно измените и дополнувањето на Законот за Азил од 18.06.2015 година, Министерството отпочна со издавање на потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегуваат на нашата територија. Во периодот од 19.06.2015 до 12.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 134.759 странски државјани, од кои, 88.098 се од машки пол, 17.981 се од женски, 23.733 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 4.947 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-95.304, потоа Авганистан-21.010, Ирак-8.800, Пакистан-3.370 Палестина-1.311, Иран-1.210, Бангладеж-759, Сомалија-757, Конго-426, Нигерија-233, Камерун-204, Еритреја-193, Етиопија-146, Судан-123, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 12.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.