КК „АВ Охрид“ во сабота ќе дебитира во втората Македонска кошаркарска лига

Кошаркарскиот клуб „АВ Охрид“ викендов ќе го има својот дебитантски настап во Втората македонска кошаркарска лига.

„Се покануваат сите љубители на кошарката од Охрид и Струга во сабота да ги бодрат охридските кошаркари да ја извојуваат првата победа пред охридската публика.“ – вели техничкиот секретар на КК „АВ Охрид“, Марјан Бошалевски.

Натпреварот е закажан во сабота (17 октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ со почеток во 19:00 часот.

 12048945_10203562243815037_1568730764_n