Во периодот од 08,00 часот на 12.10.2015 до 13.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.531 странски државјани, од кои, 1.369 се од машки пол, 427 се од женски, 514 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 221 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.392, Ирак-543, Авганистан –316, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 13.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 137.290 странски државјани, од кои, 89.467 се од машки пол, 18.408 се од женски, 24.247 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.168 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-96.696, потоа Авганистан-21.326, Ирак-9.343, Пакистан-3.397 Палестина-1.402, Иран-1.225, Сомалија-781, Бангладеж-759, Конго-430, Нигерија-235, Камерун-204, Еритреја-196, Етиопија-149, Судан-123, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 12.10.2015 до 13.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 13.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 68 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 12.10.2015 година евидентирани се 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
политика.
Црвен крст мобилни тимови
11.10/ 21.00 ч. – 12.10 / 21.00 ч.
Табановце
Укажана прва помош на :101 лица
Вода :119 шишиња
Пакети со храна:6
Бебешки пакет: 3
Чоколадно млеко:11
Бисквити: 8 кутии ( х 100)
Двопек:10 кутии
Гевгелија
Укажана прва помош на: 610 лица
Вода :3420 шишиња
Пакети со храна:126
Бисквити: 8кутии ( х 100)
Хигиенски пакети: 52
Ќебиња: 180
Пелени:8
Пакети прва помош: 3
Чоколадно млеко:46
Бебешки пакет: 5
Транспорт: 2 лица