Вчера издадени 3.686 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 13.10.2015 до 14.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.686 странски државјани, од кои, 2.107 се од машки пол, 635 се од женски, 674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 270 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.808, Авганистан –961, Ирак-560, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 14.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 140.976 странски државјани, од кои, 91.574 се од машки пол, 19.043 се од женски, 24.921 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.438 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-98.504, потоа Авганистан-22.287, Ирак-9.903, Пакистан-3.518 Палестина-1.437, Иран-1.342, Сомалија-794, Бангладеж-770, Конго-431, Нигерија-240, Камерун-207, Еритреја-196, Етиопија-149, Судан-125, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 13.10.2015 до 14.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил поднесени се две барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, од државјани од Авганистан.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 14.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 13.10.2015 година евидентирани се 6 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 4 баратели на азил ( малолетно лице без придружба на старател, малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
12.10/ 21.00 ч. – 13.10 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на :211 лица
Вода :19 шишиња
Пакети со храна:4
Бисквити: 5 кутии ( х 100)
Двопек: 4
Бебешки пакет: 7
Чоколадно млеко:31 пакување
Ќебиња: 30
Пелени за бебе 19
Пелени за возрасни 7

Гевгелија
Укажана прва помош на: 1243 лица
Вода :360 шишиња
Пакети со храна:259
Бисквити:15 кутии ( х 100)
Ќебиња:748
Пакети прва помош: 5
Бебе сет: 4
Чоколадно млеко: 72
Млеко за бебе 5
Транспорт: 2 лица.