Во периодот од 08,00 часот на 16.10.2015 до 17.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.184 странски државјани, од кои, 1.696 се од машки пол, 565 се од женски, 734 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 189 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.744, Авганистан –909, Ирак-322, Иран-95, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 17.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 149.018 странски државјани, од кои, 95.975 се од машки пол, 20.397 се од женски, 26.736 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 5.910 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-103.003, потоа Авганистан-24.466, Ирак-10.779, Пакистан-3.610, Иран-1.577, Палестина-1.458, Сомалија-804, Бангладеж-804, Конго-436, Нигерија-241, Камерун-207, Еритреја-201, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 16.10.2015 до 17.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Црвен крст мобилни тимови
15.10/ 21.00 -16.10 / 21.00
Табановце
Укажана прва помош:175
Вода :285 шишиња
Пакети со храна: 11
Ќебиња: 21
Бебе сет: 3
Гевгелија
Укажана прва помош: 663 лица
Вода : 2490 шишиња
Пакети со храна: 141
ќебиња: 281
Пакети со хигиена: 135
Прва помош сет: 50
Бисквити: 11 кутии ( x100)
Чоколадно млеко:67
Млеко за бебе: 9
Транспорт: 4.