Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје на гостувањето во Никшиќ ја оствари првата гостинска победа сезонава во АБА лигата. Дебитантот во регионалната лига Сутјеска е совладан со 77:68 (21:21; 18:11; 17:19; 21:17).
За нашиот шампион ова е трeтиот триумф по шест одиграни кола во регионалното друштво. Металците заслужено ги освоија бодовите во Никшиќ бидејќи во сите 40 минути од мечот беа подобриот и поквалитетниот тим.
Најефикасни кај МЗТ Скопје беа Данило Мијатовиќ со 18 поени и Дамјан Стојановски со 15.
По 6 кола МЗТ Скопје Аеродром е на одличното 5 место со скор од три победи и исто толку порази, прв на тебалата во АБА е Будуќност со 5 победи и еден пораз, потоа следуваат екипите на Црвена Звезда, У. Олимпија и Цедевита со по четири победи и два порази.