Светски ден на статистиката 2015

Ова е втор Светски ден на статистиката. Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 69/282 одлучи Денот да се одбележува на секои пет години.

Првиот Светски ден на статистиката беше одбележан во 2010 година, како што беше одлучено во резолуцијата 64/267, и беше прогласен за огромен успех, со активности организирани во повеќе од 130 земји-членки и од страна на најмалку 40 меѓународни и регионални организации и субјекти.

Собранието на ОН, исто така, истакна дека 2015 година ја одбележува двестегодишнината од раѓањето на Џорџ Бул, чија работа е за примена на принципите на логиката како форма на алгебра, врз што е заснована модерната компјутерска наука.

Овогодинешната тема ја нагласува клучната улога на високо квалитетните официјални статистички податоци во анализата и политиката на информирање во донесувањето одлуки за поддршка на одржливиот развој. Исто така, со тоа се одразува и важноста на одржливиот национален статистички капацитет за обезбедување на сигурни и навремени статистички податоци и показатели за мерење на напредокот на земјата.

„На овој Светски ден на статистиката, ги повикувам сите партнери и заинтересирани страни да работат заедно за да се осигураат дека се направени потребните инвестиции, дека е изграден соодветен технички капацитет, дека се истражени нови извори на податоци и дека се применуваат иновативни процеси за да им дадат на сите земји сеопфатни информациски системи кои се потребни за да се постигне одржлив развој.“ – истакна генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, по повод овој ден.

WebOhrid