ВМРО – Народна партија упатува честитки до сите граѓани по повод Денот на Македонската револуционерна борба.
„Она што предците се избориле за ние да го живееме денес, не смее да биде заборавено и запоставено. Нивната борба за слобода и нивниот придонес за нашата татковина треба да бидат патоказ и пример за борбеност на еден народ.
Придонесот на оние кои ни овозможија да ја живееме сегашноста никогаш нема да биде заборавен. Иако со многу тешкотии, и денес мораме да го продолжиме патот кој тие го започнале.
Борбата за слобода продолжува!“ – стои во честитката од ВМРО-НП Охрид.