Во периодот од 08,00 часот на 29.10.2015 до 30.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.853 странски државјани, од кои 1.477 се од машки пол, 496 се од женски, 631 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 249 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.404, Авганистан –1.086, Ирак-163 додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 30.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 192.810 странски државјани, од кои, 119.014 се од машки пол, 27.699 се од женски, 37.032 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.065 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-125.713, потоа Авганистан-38.006, Ирак-14.924, Пакистан-4.233, Иран-3.240, Палестина-1.651, Сомалија-965, Бангладеш -901, Конго-491, Нигерија-256, Камерун-222, Еритреја-212, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 08,00 часот на 29.10.2015 до 30.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 30.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 29.10.2015 година евидентирани се вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.