Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.11.2015 издадени се потврди на вкупно 3.965 странски државјани, од кои 1.878 се од машки пол, 754 се од женски, 1.238 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 95 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.144, Авганистан –1.153, Ирак-351 додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 02.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 207.905 странски државјани, од кои, 126.366 се од машки пол, 30.442 се од женски, 41.214 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 9.883деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-134.363, потоа Авганистан-42.348, Ирак-16.022, Пакистан-4.390, Иран-3.691, Палестина-1.750, Сомалија-1.060, Бангладеш-947, Конго-499, Нигерија-262, Камерун-225, Еритреја-213, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 02.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 02.11.2015 година евидентирани се вкупно 2 баратели на азил, мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.