Градоначалникот Трајкоски на увид при изградбата на колекторскиот систем

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес изврши увид во градежните активности на проектот „Изградба на регионален колектор за одведување отпадни води за с.Мешеишта, с. Климештани, с.Требеништа, с.Волино и с.Горенци”. Се работи за изградба на колекторски систем за отпадни води кој се протега покрај реката Сатеска кој е со должина од 8.25 км со вкупно 200 бетонски шахти. Инвестицијата е во вредност од околу 250.000,00 евра. Градежните активности се одвиваат согласно динамиката предвидена со договорот за изградба на колекторскиот систем, односно во овој момент се поставени 2,8 км канализациони цевки со дијаметар од 400мм и е извршено бетонирање на 27 шахти.

Со изградбата на овој колекторски систем ќе се стави во функција веќе изградената канализациона мрежа во с.Мешеишта, а исто така ќе се направат услови за идно поврзување на канализационите мрежи за с. Климештани, с.Требеништа, с.Волино и с.Горенци.

За канализациона мрежа во с.Горенци веќе се обезбедени средства за изградба, извршен е избор на најповолен изведувач и ќе се отпочне со изградба на истата. Должина на канализациона мрежа е 7.6 километри со која ќе се изградат 236 шахти. Инвестиција од 19.934.562,44 денари или 325.000,00 евра.