Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани цигари, алкохолни пијалоци, бунди, маслиново масло, девизи, техничка стока, мотор од комбе, средства за чистење, амбалажа за LEPTEN производии фалсификати.
Задржана е следната стока:
Акцизна стока
– 72 штеки цигари марка Marlboro gold и Camel без акцизни маркички, откриени при контрола на македонски автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Цигарите се пронајдени во багажниот простор, во неколку кеси од фри-шоп, сопственост на македонски државјанин патник во возилото. Непријавените цигари се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 60 штеки цигари Marlboro Gold со македонски акцизни маркички, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на двајца холандски државјани со пријавено живеалиште во Манчестер, Велика Британија, кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Двајцата патници носеле по 30 штеки кои се привремено задржани, а против прекршителите се поведени прекршочни постапки.
– 27 литри вино Traminec Povardarje (36 шишиња) и 10 штеки цигари Marlboro Gold и Rodeo со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Меџитлија. Цигарите и виното се пронајдени во внатрешноста на предните седишта и во преградите на багажникот на возилото.Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 5 литри домашна гроздова ракија и 4 штеки цигари LD Blue со македонски акцизни маркички, откриени во соработка со полициските службеници од граничниот премин Дојран при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин пријавен за излез од државата. Ракијата и цигарите се пронајдени во левата странична преграда на кабината и на горниот кревет во кабината на камионот. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Бунди од визон
– 14 бунди од визон, откриени при контрола на романски автомобил управуван од романски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Бундите се пронајдени во две црни кеси, сместени во багажникот на возилото и покриени со други кеси и патни торби. Непријавените бунди, чија вкупна вредност е проценета на околу 210 илјади денари е привремено задржана, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
Девизи
– 3.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во рачна чанта на патникот биле пронајдени 5.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.
– 2.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Блаце. Во горен џеб од јакната на патникот се пронајдени 4.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 2.000 евра износ што резидент може слободно да го изнесе од државата.
Во двата случаи, непријавените девизи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поденесени барања за поведување прекршочна постапка.
Маслиново масло
– 202 литри маслиново масло (18 канти од 5 литри и 7 канти од 16 литри) и 20 литри ципура, откриени при контрола на германско патничко комбе, управувано од грчки државјанин со привремен престој во Германија, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Маслото и ракијата се пронајдени во повеќе кеси сместени во багажниот простор на возилото. Непријавените производи се привремено здржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Техничка стока
– 599 парчиња разна техничка стока, откриени во два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на двајца патници пријавени за влез во државата.
Во првиот случај, во патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Дубаи, пронајдени се 568 разни делови од систем за видео надзорIR CAT, мемориски картички, картичка за видео надзор, батерии за телефон, УСБ уреди, инфрацрвени стакла, стакла за камери, конектори и др.). (леќи и чипови за камери, филтри
Во вториот случај, во патните торби на американски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул се пронајдени 31 парче техничка стока (мрежен контролер-switcher Fortinet, слушалки, кабел и камери за компјутер).
Во двата случаи непријавената стока е привремено задржана а против патниците се поведени прекршочни постапки.
– 25 парчиња музичка опрема (засилувачи за гитара, држач за гитара, предаватели и звучници), 1 сет пневматски алат и 1 лап-топ, откриени при контрола на македонско патничко комбе, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени во багажниот простор на комбето, помеѓу останатите нови и користени производи (2 нови телевизори, користен фрижидер, 2 нови правосмукалки, 2 нови микровални печки и користена облека) што возачот ги пријавил за царинска контрола. За сторениот прекршок против возачот е поведена соодветна постапка.
Останато
-1 користен мотор за комбе, откриен од страна на мобилните царински тимови при контрола на германски автомобил управуван од македонски државјанин со привремен престој во Италија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Моторот сокриен под ќебе и облека, е пронајден во багажникот на возилото, а во фиоката за документи е пронајдена и фактура за истиот. Против возачот ќе биде поднесена соодветна постапка за сторениот прекршок.
– 85 литри и 940 грама препарати за чистење и нега на теписи и 6 делови од машина за чистење на теписи (четки и пластична запчаници),откриени при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 320 празни пластични кутии и 510 картонски кутии со лого на LEPTEN, откриени при контрола на бугарски автомобил и личен претрес на возачот, македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените опаковки се пронајдени во внатрешноста и под предните седишта, во задниот браник, покрај резервоарот за гориво, под калниците на задните тркала, како и во џебовите на палтото на возачот. Непријавената амбалажа е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектулна сопственост
-14.203 разни средства за лична хигиена (шампони, пасти за заби, пени за бричење и креми за раце) и средства за чистење, со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Италија наменета за увозник од Тетово, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Тетово.
– 1.272несесери со ознаки на заштитена трговска марка, откриени при контрола на македонски камион натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.
Во двата случаи стоката е привремено задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи, Царинската управа ќе започне постапка за утврдување на нејзината оригиналност.