Долготраен земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид

Утрово во Охрид во 8 часот и 10 минути беше почувствуван долготраен земјотрес со брановидно движење, кој траеше околу 20 секунди.

Епицентарот на земјотресот е во Грција, 26 километри западно од Лефкада во Јонското Море на длабочина од 10 километри, со интензитет од 6,5 степени според Рихтер. Според изјавите на жителите од Лефкада, земјотресот бил силен и траел околу една минута. Сеуште нема информации за поголеми материјални штети.

WebOhrid