Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.11.2015 издадени се потврди на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 137 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-818, Авганистан–328, Ирак-186, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 17.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 254.959 странски државјани, од кои, 150.720 се од машки пол, 38.623 се од женски, 52.304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 13.312 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-157.348, потоа Авганистан-55.913, Ирак-20.750, Иран-6.022, Пакистан-5.355, Палестина-2.130, Сомалија-1.270, Бангладеш-1.206, Мароко-1.204, Конго-514, Либан-429, Алжир-442, Нигерија-275, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 17.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 17.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17.11.2015 година евидентирани се вкупно шест баратели на азил, 3 мажи, една самохрана мајка и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита два баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и еден маж ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Црвен крст мобилни тимови
16.11/ 21.00 ч. – 17.11 / 21.00 ч.
Табановце
Укажана прва помош на : 273 лицa
Вода 386 лит.
Пакети со хигиена 11
Бисквити: 3 кутии ( х 100)
Ќебиња: 98
Пелени за бебе: 5 пакувања
Чоколадно млеко 45
Влажни марамици 36 пакувања
Шише за бебе 17
Рефус храна: суво грозје, сардини, двопек, сок- асистирани 188 лица
Гевгелија
Укажана прва помош на : 614 лица
Вода 273 лит.
Пакети со храна: 266
Пакети со хигиена:14
Бебе сет 7
Бисквити: 16 кутии ( х 100)
Ќебиња: 146
Чоколадно млеко `83
Транспорт 1 лице.