Развој на военото образование и меѓусебната соработка – цел на разговорите во Универзитетот „Норвич“ и Националната гарда на Вермонт

Образованието и обуката на припадниците на Армијата на Република Македонија се приоритет за Министерството, посочи министерот Јолевски за време на вчерашната посета на Универзитетот „Норвич“ во Вермонт. Токму затоа, додаде министерот, ние ја развиваме соработката и можноста за размена на студенти со едни од најреспектираните воени универзитети во светот, меѓу кои и со најстариот приватен воен универзитет „Норвич“.

На средбата беа допрецизирани деталите околу размената на студенти со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Се очекува истата да започне од следната година кога двајца питомци од македонската академија еден семестар ќе поминат во Вермонт, а потоа и студенти од „Норвич“ ќе престојуваат во Република Македонија.

IMG_0651_resize

На средбите министерот Јолевски посочи дека е започната процедурата за прераснување на Академијата во Национален универзитет за одбрана и безбедност, што ќе влијае на понудата на студиските програми и на квалитетот на наставата.

Во рамки на посетата на Вермонт, министерот Јолевски се сретна и со генералот Стивен Креј, командант на Националната гарда на Вермонт со која имаме особено развиена соработка. Соговорниците разговараа за начините и модалитетите како таа и во иднина да се продлабочува при што акцент се стави на можностите за обука и надградба на офицерскиот и подофицерскиот кор, заедничките вежби и другите форми на соработка‎.

IMG_0658_resize