ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ“.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад. Оваа акција е последна акција, согласно годишниот календар за 2015 година.