Вчера издадени 5.979 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.11.2015 издадени се потврди на вкупно 5.979 странски државјани, од кои 2.907 се од машки пол, 1.191 се од женски, 1.417 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 464 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.022, Авганистан–1.940, Ирак-1.014, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 22.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 276.306 странски државјани, од кои, 160.992 се од машки пол, 42.734 се од женски, 57.822 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14.758 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-167.705, потоа Авганистан-63.009, Ирак-24.159, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.311, Конго-514, Либан-434, Алжир-453, Нигерија-277, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 22.11.2015 до Одделението за азил се поднесени пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил од државјани на Авганистан со нив се и четири деца кои го придружуваат родителот .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 75 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа 10 барања од државјани на Авганистан со нив се и осум деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 22.11.2015 година евидентирани се вкупно седумнаесет баратели на азил од кои пет баратели на азил се мажи, четири барателки на азил се жени и шест баратели на азил се малолетни лица со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, осум баратели на азил ( две малолетни лица со придружба на старател, двајца мажи и четири малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
19.11/ 21.00 ч. – 22.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 856 лицe
Вода 1500 литри
Пакети со храна 38
Пакети со хигиена 37
Млеко за бебе 17
Ќебиња 137
Чоколадно млеко 85 пакувања
Пелени за бебе 51 пакување
Шише за бебе 48
Кабаници 51
Дуксери 17
Вреќи за спиење 12

Гевгелија
Укажана прва помош на 5575 лица
Вода 4518 литри
Пакети со храна: 445
Пакети со хигиена32
Бисквити: 19 кутии ( х 100)
Бебе сет 50
Ќебиња 1184
Вреќи за спиење 365
Чорапи 254 пара
Шише за бебе 43
Влажни марамици 28 пакувaња
Млеко за бебе 55.