Министерот Спасовски во посета на транзитниот прифатен центар во Гевгелија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес беше во Гевгелија во посета на транзитниот прифатен центар на граничната линија меѓу Грција -Македонија кај котата 59, со цел да се запознае одблиску со ситуацијата на терен околу денешниов инцидент на поединци од економските мигранти со полициските службеници и армијата.

Министерот Спасовски ги посети и разговараше и со повредените полициските службеници задржани во медицинскиот центар во Гевгелија, посакувајќи им побрзо опоравување.