Меѓународен ден за укинување на ропството

Меѓународниот ден за укинување на ропството, 2 декември се одбележува на денот на неговото донесување, од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации, на Конвенцијата за сузбивање на трговијата со луѓе и експлоатација на проституцијата (резолуција 317 (IV) од 2 декември 1949 година).

Во фокусот на овој ден е искоренувањето на современите форми на ропство, како што се трговијата со луѓе, сексуална експлоатација, најлошите форми на детски труд, присилни бракови, и присилното регрутирање на деца за употреба во вооружени конфликти.

Денес, 21 милиони мажи, жени и деца, се заглавени во ропство ширум целиот свет.

Меѓународната организација на трудот (ILO) усвои нов Протокол наменет за зајакнување на глобалните напори за елиминирање на принудната работа, кој ќе стапи на сила во ноември 2016 година.

Кампањата има за цел да вклучи најмалку 50 земји да го потпишат Протоколот до 2018 година.

WebOhrid