Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во пресрет на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, денеска прими ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”, ученици од ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, претставници од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност” од Скопје, како и деца од Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост од Берово.
Присутните гости, заедно со претседателот Иванов и неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова засадија садници на македонски даб во дворот на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, со што ја поддржаа традиционалната акција за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина”.