Деновиве во просториите на училиштето „Григор Прличев“, Благоја Стевоски од СВР Охрид и реонскиот полицаец Сашо Дончевски остварија средба со четвртооделенците. Целта на ова интересно предавање беше учениците поблиску да се запознаат со професијата полицаец, меѓутоа пред сè да се запознаат со начините на кои можат да се заштитат.
„Безбедноста дома, на училиште, на улица… Како безбедно да го користат интернетот, како да се однесуваат на телефон со непознати, безбедност од дрога, пиротехника. Учениците беа советувани и за појавата на вандализам ( насилство), како и насилството меѓу врсниците…
Основците добија корисни совети, кои секако ќе вродат плод за нивниот целокупен развој како здрави и успешно формирани личности.“– велат од училиштето.