Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.12.2015 издадени се потврди на вкупно 666 странски државјани, од кои 300 се од машки пол, 107 се од женски, 184 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-364, Авганистан–186 и Ирак-116 .
Во периодот од 19.06.2015 до 03.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 301.086 странски државјани, од кои, 172.534 се од машки пол, 47.459 се од женски, 65.029 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.064 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-177.494, потоа Авганистан-72.938, Ирак-29.216, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 03.12.2015 до Секторот за азил поднесени се две барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на две полнолетни лица од Сирија и шест деца кои го придружуваат родителот.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 03.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 03.12.2015 година евидентирани се вкупно шеснаесет баратели на азил од кои пет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Црвен крст мобилни тимови
02.12/ 21.00 ч. – 03.12 / 21.00 ч.
Табановце
Укажана прва помош на 379 лица
Вода 124 шишиња
Пакети со храна 3
Пакети со хигиена 6
Ќебиња 53
Чоколадно млеко 51
Гевгелија
Укажана прва помош на 341 лице
Вода 428 шишиња
Ќебиња 36