Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 08.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.220 странски државјани, од кои 967 се од машки пол, 461 се од женски, 604 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 188 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–917, Ирак-747 и Сирија-556.
Во периодот од 19.06.2015 до 08.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 319.727 странски државјани, од кои, 180.625 се од машки пол, 51.098 се од женски, 70.493 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.511 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-185.677, потоа Авганистан-77.570, Ирак-35.039, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 08.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.12.2015 година евидентирани се вкупно 16 баратели на азил од кои пет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.