Во периодоt 9-10 декември 2015 година, меѓународното сертификационо тело TÜV NORD Бугарија спроведе редовен годишен надзор на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2008 во Царинската управа. Царинската управа беше оценета со највисока оценка и беа забележани значајни промени и подобрувања во воспоставените деловни процеси.
Сертификатот за стандардот за Систем за менаџмент со квалитет, Царинската управа го доби на 13 декември 2013 година.
Поседувањето на сертификат за стандардот за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат во Царинската управа, како и услугите кои ги дава и нуди на корисниците се во согласност со барањата на стандардот и во насока на постојано подобрување на работењето и задоволување на барањата на корисниците. Сето ова значи потврда за успешната работа на Царинската управа.
Царинската управа останува посветена на постојано подобрување на внатрешните процеси во работењето со цел заштита на финансиските интереси на Република Македонија, олеснување на меѓународната трговија со понатамошна модернизација на царинското работење и поедноставување на царинските постапки, одржување и унапредување на конкурентен економски амбиент, како и реализација на економските политики на Владата на Република Македонија.