Вчера издадени 2.032 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.12.2015 издадени се потврди на вкупно 2.032 странски државјани, од кои 869 се од машки пол, 427 се од женски, 528 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-901, Авганистан–623, и Ирак-508.

Во периодот од 19.06.2015 до 09.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 321.759 странски државјани, од кои, 181.494 се од машки пол, 51.525 се од женски, 71.021 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.719 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-186.578 потоа Авганистан-78.193, Ирак-35.547, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барањеза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 09.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 09.12.2015 година евидентирани се вкупно 17 баратели на азил од кои шест мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил ( две малолетни лица без придружба на старател и два мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
08.12/ 21.00 ч. – 09.12 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 110 лица
Вода 120 шишиња
Пакети со храна 49
Пакети со хигиена 2
Ќебиња 124
Чоколадно млеко 48

Гевгелија

Укажана прва помош на 852 лица
Вода 1940 шишиња
Пакети со храна 1
Пакети со хигиенa 96
Бебе сет 15
Ќебиња 330
Вреќи за спиење 366
Прва помош пакети 12
Млеко за бебе 77.