На наредната седница на Советот на Општина Дебрца на дневен ред ќе се најде на разгледување Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година. Буџетот на Општина Дебрца е изготвен во согласност со Насоките за изготвување на буџетите на единиците на локалната самоуправа (буџетски циркулар) доставени од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, во кои се содржани главните насоки за изготвување на општинскиот буџет за 2016 година.
Во Буџетот за 2016 година програмирани се средства со кои што се планира да се иницира изградбата на нова и реконструкција и одржување на постојната инфраструктура, како и подобрување на вкупните јавни услуги.
Меѓу е изградба на канализациона мрежа во с.Горенци.
„Со изградба на оваа фекалната канализација ќе се соберат отпадните води од селото Горенци и ќе се спроведат до главниот колектор кој се протега покрај реката Сатеска, која изградба е во тек. Денес во селото не постои никаква канализациона мрежа. Отпадните води се собираат индивидуално во септички јами што значи загадување на подземните води и уништување на животната средина. Должина на канализациона мрежа 7.6 километри со која ќе се изградат 236 шахти. Вкупна вредност на инвестицијата е 15.673.916,00 денари со вклучен ДДВ.“– вели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.
Предвидена е и изградба на улици во селото Ботун.
„Со проектот ќе се изврши реконструкција на постоечки улици во с.Ботун кои се стари повеќе од 20 години.Трасите на улиците ќе се водат и прилагодуваат према постојните улици.Ширина на коловоз ќе биде од 3 до 3.5 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот.Вкупна должина на улиците е 1000 метри. На улиците кои се веќе асфалтирани ќе се изврши прво крпење на ударните дупки, а потоа надградба над постојниот асфалт со нов. На улиците кои не се асфалтирање прво ќе се изврши тампонирање со сепариран камен, а потоа асфалтирање со асфалт д=7 см. Вкупна вредност на инвестицијата е 9.459.950,00 денари со вклучен ДДВ.“- вели Трајкоски.
Ќе се изврши и реконструкцијата на локалниот пат од село Злести до Манастир „Сите Светии” во село Лешани.
„Со овој проект ќе се изврши рехабилитација на локалниот пат од с.Злести до с.Лешани со должина на локалниот пат од 1800 метри.Локалниот пат е со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот.Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат кој е исто така изграден пред повеќе од 20 години.На трасата ќе се изврши прво крпење на ударните дупки, а потоа надградба над постојниот асфалт со нов. Вкупна вредност на инвестицијата е 6.650.244,00 денари со вклучен ДДВ.“- додава Трајкоски.
Главна цел на овие проекти е подобрување на постоечката инфраструктура и изградба на нова инсфраструктура. Очекувани резултати од овие проекти се подобрување на локалната патна мрежа, подигнување на стандардот за живот и подобри животни услови за локалното население.
За сите горенаведени проекти поголемиот дел од средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, а во нивното финансирање учествува и Општина Дебрца со сопствени средства преку Буџетот на Општина Дебрца за 2016 година.