По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, општина Охрид ја продолжува воспоставената традиција и најавува уште посодржајна и поатрактивна организација на оваа манифестација.
Традиционалните духовни и верски обичаи во Охрид се понагласено стануваат туристички атракции, пред се, благодарејќи на заложбите на локалната самоуправа и добрата соработка со хотелско – угостителскиот еснаф и бизнис заедницата во Охрид.
Зимската туристичка понуда во Охрид е збогатена, пред се, со одржување на најмасовната црковно – народна манифестација за осветување на водите која по своите духовни и верски вредности ги надминува локалните и регионални граници и го привлекува вниманието на голем број верници, гости, туристи и посетители.
Партнерската соработка помеѓу локалната самоуправа, туристичкиот еснаф и верските заедници придонесува кон натамошна афирмација на традицијата и зголемување на интересот на угостителските субјекти од градот за креирање на привлечни понуди и ценовни прилагодувања за сите заинтересирани гости во деновите на прославување на манифестацијата.
Креираните понуди на претставниците на туристичко – угостителскиот сектор ќе бидат објавени на официјалната веб страна на општина Охрид со што ќе достапни за сите граѓани, потенцијални посетители и домашните и странски агенции.