Доколку обавувате самостојна дејност (занаетчија, верско лице и др.) и не сте во состојба да водите деловни книги или водењето на деловните книги ви го отежнува вршењето на дејноста, имате право да поднесете Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход (образец “ПДД-П”) до Управата за јавни приходи и данокот на доход за 2016 година да го плаќате според паушално утврден нето-приход.
Барањето поднесете го до даночната канцеларија на УЈП, според живеалиштето на даночниот обврзник.
Услов за паушално оданочување за самостојните вршители на дејност (СВД)
За да се стекнете со право за паушално оданочување за 2016 година, покрај тоа што треба да го поднесете Барањето ПДД-П најдоцна до 31 декември 2015 година, треба задолжително да ги исполнувате и следните услови:
-да не вршите трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари);
да не вработувате други лица;
-во дејноста да не вложуваат и други лица; и
-да остварувате нето годишен приход од вршење на дејност до две годишни просечни плати.
Задолжително пријавете промена на регистрациони податоци
Доколку имате промени само во личните податоци (адресa, телефонски број и е-пошта), во тој случај промената на регистрационите податоци пријавите ја со повикување на Инфо центарот на УЈП 0800 33 000.
Доколку пак, имате промени во податоците за претежна дејност…, должни сте да поднесете Пријава за регистрација за промена на податоци (образец “УЈП-РДО”).
Точноста на регистарските податоци е неопходна поради достава на пријави, решенија, известувања, навремено информирање на даночните обврзници, водење на евиденцијата за даночниот обврзник.
Проверка на даночни долгови и плаќање на персонален данок преку Интернет
Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да извршите преглед на даночните долгови, проверка на вашите регистрациони податоци и плаќање на персоналниот данок од самостојна дејност.
Со новата услуга на УЈП „е-Плаќање на даноци“, самостојните вршители на дејност одсега може да ги проверат регистрационите податоци преку интернет, да вршат он-лајн преглед на платени и неплатени даночни обврски, како и да вршат плаќање на персоналниот данок од самостојна дејност со безготовинска картичка. Постапката на регистрација за е-Плаќање на даноци е бесплатна, а потребно е само да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис е-Плаќање на даноци https://etax.ujp.gov.
Корисни информации
За повеќе информации контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000;
Брошура „Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/5);
Флаер „e-Плаќање на персонален данок“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60).