Во рамки на одбележување на Неделата на забоздравствена заштита од 15-21 декември, Црвен крст Охрид реализира едукативни предавања во основните училишта во Охрид на кои, од страна на лекар-стоматолог учениците се информираат за правилна орална хигиена, значењето од редовна контрола на забите и начинот на превенција и заштита од кариес.
Во рамки на овие активности, денес во 19 часот во просториите на Црвен крст Охрид, ќе биде промовирана едукативна брошура со наслов „Насмевка без кариес“ изработена од Д-р стоматолог Кристина Стојаноска Алоска, во издание на Црвен крст Охрид.