На 16.12.2015 година, царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко моторно возило со српски регистарски ознаки во специјално направен бункер пронајдоа 152.395 евра.
Дента, околу 20:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија беше запрено патничко моторно возило марка MERCEDES E220 со српски регистарски ознаки управувано од српски државјанин од Прешево. При детална царинска контрола на патничко моторно возило во долниот делот зад предната регистарска табличка, пронајден е специјално направен бункер од каде се извадени 152.395 евра.
Согласно Законот за девизно работење, на лицето му се вратени 10.000 евра, износ кој нерезидент може слободно да ги изнесе од државата без да ги пријави, додека останатите 142.395 евра се привремено задржани и депонирани во Трезорот на Народна банка на Република Македонија.
Против лицето ќе бидат превземени соодветни мерки.
http://www.carina.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=540
http://www.carina.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=540